Видени кај матичарот: Џенифер Лоренс се омажи за директорот на галерија?

Двојката, наводно, планира голема венчавка во октомври, па се чини дека биле кај матичарот за да закажат датум.

362

Се верува дека актерката Џенифер Лоренс го изговорила судбоносното „да“ на свршеникот Кук Марони. Марони е директор на галерија, а со актерката е виден во Њујорк како влегува во канцеларијата на матичарот.

Како што пренесува „Мери Клер“, тие се појавиле таму во придружба на телохранителот, пријател и фотографот Марк Селинџер. Невообичаеното друштво за одење кај матичарот.

Двојката, наводно, планира голема венчавка во октомври, па се чини дека биле кај матичарот за да закажат датум.

Еден од корисниците на социјалните мрежи, кој тогаш се затекнал кај матичарот, на Твитер напишал дека е многу чудно чувството кога ќе одите кај матичар за да закажете свадба, а покрај вас ќе помине Џенифер Лоренс, која исто така, дошла да договори датум.

– Тој е мојот најдобар пријател па сакам и законски да го врзам за себе, засекогаш. За цела среќа, за такво нешто постои документација. Ќе ја пронајдете најомилената личност на светот и не сакате да ѝ дозволите да замине. Јас сакав да ја прифатам таа понуда – рекла оскаровката.

Врската со Марони ѝ помогнала на Џенифер да се справува со притисокот на јавноста, особено со оглед на тоа што папараците ја следат во чекор.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...