Фејсбук страницата „Ветераните за Трамп“ во март годинава била „киднапирана“ од бизнисмен од Северна Македонија, пишува „Вашингтон пост“.
Станува збор за страница која има преку 100.000 следбеници на Фејсбук. Таму поранешни припадници на американските служби го советуваат претседателот Доналд Трамп, разговараат за прашања кои ги засегаат ветераните и споделуваат конзервативни теми.
„Но, во март еден бизнисмен од Северна Македонија ја киднапирал страницата оставајќи ги Американците безмоќно да гледаат како таа работи под странска контрола. Нивните пораки со кои бараа помош од Фејсбук доведоа до месеци погрешна комуникација и неактивност“, пишува „Вашингтон пост“ во приказната посочувајќи дека овој случај покажува дека парите, политиката и дезинформациите преку Интернет остануваат длабоко вкоренети во пресрет пред претседателските избори во САД 2020 година.
Преземањето на „Ветераните за Трамп“ по навидум наивна понуда од извесен Андреј Спасовски за генерирање профит од десетици илјади долари годишно преку страницата со тоа што ќе му дозволт да постира реклами. Трансакциите, како што понудил, требало да се прават преку фирма регистрирана во Куманово со името „Ад Брејк“.
Целата сторија можете да ја прочитате ТУКА.
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL