Штрајкот за климата ќе земе од часови над милион ученици

Директорите на училиштата во САД не знаат како став да заземат откако њујоршките власти сооптштија дека децата нема да добијат неоправдани за учеството во петочните протести.

102

На Штрајкот за климата во Њујорк, познат и како „Петоци за иднината“ учество ќе земат  околу 1,1 милиони ученици, објави Аксиос.

Директорите на училиштата во САД не знаат како став да заземат откако њујоршките власти сооптштија дека децата нема да добијат неоправдани за учеството во петочните протести.

Штрајкот за климата произлезе од протестот „Петоци за иднината“ , кој го започна шведската активистка, 16-годишната Грета Тунберг која секој петок изостануваше од настава за да протестира пред Владата во обид да ја поттикне да се заложи повеќе во борбата со климатските промени.

Протетсот на учениците во Њујорк има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон заштитата на животната средина, на три дена пред Самитот на ОН посветен на климата. Над 115 држави и над 1000 градови изразија намера да се вклучат во протестите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...