Бугарите подготвуваат спектакл со ѕвездите од 1994 година

Бугарски медиуми најавуваат дека на 26 септември во градот Крџали ќе се одигра пријателски меч помеѓу ѕвездите на Бугарија од 1994 против турските ѕвезди кои освоија бронза на Мундијалот во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.

194

Христо Стоичков, Красимир Балаков, Љубомир Пенев и останатите ѕвезди на бугарската репрезентација која на Светското првенство во САД во 1994 година стигна до полуфиналето, повторно ќе играат заедно.

Иако уште е во рамките на неофицијалното, некои бугарски медиуми најавуваат дека на 26 септември во градот Крџали ќе се одигра пријателски меч помеѓу ѕвездите на Бугарија од 1994 против турските ѕвезди кои освоија бронза на Мундијалот во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.

Билетите за овој спектакл на кој ќе играат многу незаборавни фудбалери кои ги израдуваа своите нации во последните 25 години, ќе бидат по цена од само 3 до 7 лева. Секако ќе биде и емотивно, бидејќи има и фудбалери кои веќе не се меѓу живите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...