Умберто им се заканува на Бермудските Острови, а Имелда на Тексас и Луизијана

63

Ураганот Умберто денеска се засили во категорија три и се очекува да биде силен во наредните денови, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Умберто се наоѓа на околу 655 километри западно и југозападно од Бермудските Острови, со ветрови кои дуваат со 185 километри на час.

Се очекува ураганот да стигне до Бермудите вечерва или утре изутрина.

Тропска бура „Имелда“ му се заканува на југоисточниот Тексас, како и на југозападна Луизијана во наредните денови. Се очекуваат поројни дождови и поплави, но надлежните метеоролози во Хјустон изјавуваат дека е добро што земјиштето е суво после летото. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...