Познатата јутјуберка Лили Синг доби свое ноќно ТВ шоу и стана единствената дама – водителка на главните канали, пренесува „Би-Би-Си“.
Шоуто на Синг, позната и како „Superwoman“, ја имаше својата премиера на Јутјуб, пред да се емитува на Ен-Би-Си.
Таа го отвори шоуто со рап-песна која одеше „Здраво, моето име е Лили и јас не сум бел маж/мојата кожа има боја и тоа не е од спреј за потемнување“.
Канаѓанката се осврна и на својот љубовен живот.
– Јас ќе ви го зачинам животот, па ако сакаш да бидеш со мене, јас ќе ставам Б во ЛГБТ, јас ќе ја земам и Санса и нејзиниот брат – кажа Синг.
Нејзините хумористични скечеви на Јутјуб привлекоа 14.5 милиони претплатници.
– Сфаќам, не сум традиционален водител. Медиумите толку многу зборуваа за тоа дека сум бисексуалка и обоена жена, што веќе мислам дека би требало да си го сменам името во Бисексуалната Обоена Жена – рече Синг.
ФОТО: EPA / NINA PROMMER