Антикорупциската комисија го затвори случајот со стипендијата на ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров за што била поднесена анонимна пријава за наводен конфликт на интереси врз основа на колумна.
Антикорупционерите проверувале на кој начин биле доделувани стипендиите за студенти кои се запишани на факултети од Шангајската листа од 2017 година до денес, листата на стипендисти и записниците и утврдиле дека не се работи за влијание или конфликт на интереси.
– За да се добие оваа стипендија има точно утврдени услови и бодови кои важат за сите кандидати, а прв услов за да се добие стипендијата е студентот да успеал да се запише на еден од врвните факултети кои се на Шангајската листа, а не зависи од тоа кој е министер – велат од Антикорупциската комисија.