Ѓоргиев: Имаме срце како планина, заслужуваме осминафинале

427

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев, беше еуфоричен после победата над Словенците, и го истакна големото срце на тимот, како главен фактор за триумфот.

– Видовте ли како ги победивме среде Словенија? Во 2014 година двапати им водевме 2-1, а губевме 2-3, сега сè се врати. Имаме срце како планина. Местото ни е меѓу најдобрите 16 во Европа. Немаше слаб играч, играме сите, се бориме до крај – изјави капитенот.

Осминафиналето е на дофат, утре после мечот Турција – Финска ќе се знае дали македонскиот тим ќе патува во Нант каде се игра нокаут фазата.

– Ние не сме добра, туку луда екипа. Во сите елементи ја надигравме Словенија. Не нè потценија, си ги совладавме чесно. Грев ќе биде ако не одиме понатаму – рече Деспотовски.

Селекторот Никола Матијашевиќ го истакна добриот блок на нашите одбојкари, и додаде дека тоа е доказ за борбеноста на тимот. Тој си посака осминафинале во Нант против домашната Франција, земјата во која долги години работи во клупската одбојка.

Фото: МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...