Копретседавачот на Европската зелена партија, Рајнхард Бутикофер во својот твит во врска со посетата на Доналд Туск, изјави:
– Туск е во право кога повикува на почнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. ЕУ мора да си го заврши својот дел од работата, бидејќи Северна Македонија си ја заврши својата, напиша Бутикофер.