Инспекциската обиколка му донесе на Османи казна за зборување на мобилен

1075

Вицепремиерот Бујар Османи заработи казна од МВР за зборување на мобилен додека управува со автомобил и за минување преку полна линија. Османи е казнет за сторен сообраќаен прекршок.

Османи викендов на својот Фејсбук профил објави видео на кое се прикажува како е во инспекциска обиколка на институции за да провери дали се поставени табли и на албански јазик.Тој притоа зборува на телефон додека вози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...