На предлог на Министерството за одбрана на денешната седница е утврден Предлог – закон за класифицирани информации, соопшти Владата.
Со Предлог-законот за класифицирани информации се уредува системот за заштита на класифицирани информации и се овозможува одржување на високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ, следење на тековните трендови во практиките при ракувањето со класифицираните информации, како и прецизирање на одредени прашања поврзани со други области што се поврзани со работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Новиот предлог закон ја има предвид законска основа за донесување подзаконски акт којшто ја регулира криптозаштитата во земјата, а согласно интеграциските процеси на земјата во НАТО и ЕУ, согледана е и потреба за проширување на надлежностите на Дирекцијата во доменот на размената и заштитата на класифицирани информации со меѓународните организации.