Пијана ги возела децата па на полицајците им нудела секс за да не ја уапсат ФОТО

Ребека Сју Дуди (29) е обвинета за нудење мито, непристојност и возење под влијание на алкохол.

798

Една жена од Пен Тауншип во американската сојузна држава Пенсилванија се обидела да ги „подмити“ полицајците со сексуални услуги, откако била уапсена поради возење под влијание на алкохол, додека во автомобилот ги возела своите три деца.

Ребека Сју Дуди (29) е обвинета за нудење мито, непристојност и возење под влијание на алкохол, а тука се и трите обвиненија за загрозување на други лица, бидејќи во таква состојба ги возела своите три деца.

Била пуштена од притвор со кауција од 2,500 долари, а првото сослушување е закажано за 19 септември.

Сè се случилo во саботата кога полицијата интервенирала во нејзиниот дом поради семејно насилство. Кога пристигнале таму, разговарале со нејзиното момче Џејкоб Анголио, кој им рекол дека пијана ги возела трите деца.

Полицијците тогаш разговарале и со неа, а таа притоа многу мирисала на алкохол, била нестабилна, тешко зборувала и очите ѝ биле стаклести. Полицајците ја уапсиле поради возење во пијана состојба, сметајќи дека на тој начин ги довела децата во опасност.

„Додека бевме на пат кон болницата, Дуди се обиде да ми понуди сексуални услуги за да ја избегне казната – рекол полицаецот кој што ја уапсил.

Таквото нејзино однесување продолжило и во болницата пред лекарите и полицијата.
Полицијата ја привела, а во таа прилика Дуди ги повлекла маицата и градникот и им ги покажала градите на полицајците па продолжила да им нуди секс во замена да ја пуштат, и да не поднесат обвинение против неа.

Во моментите кога требало да заврши зад решетки таа дури ја соблекла маицата и градникот, им ги покажала градите на полицајците и продолжила да им нуди секс во замена да ја пуштат и да не биде отворена судска постапка.

FOTO: Fejsbuk/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...