Државната комисија за спречување на корупција нема отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор и третоoсомничена во случајот Рекет.
Претседателката на Антикорупциска Биљана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева, случајот е во Обвинителството. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за купување половно возило. Јанева, но и другите обвинители од СЈО најдоцна за 30 дена по разрешувањето или престанок на мандатот треба да поднесат анкетен лист за промена на имотната состојба.
ДКСК сѐ уште работи на случаите Тополки и Рашковски, но за вториот случај, според Ивановска ќе биде потребно подолго време.