Фрчковска поднесе барање: Јанева ја разрешија, сега не мора да биде во притвор

260
20160212 Friday katica janeva

Барањето за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е доставено до Судот и очекуваме до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука, потврди денеска за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

– Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот – изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...