Наташа Беквалац на „ремонт“ – има нови силиконски гради

„Наташа не сака претерано големи гради, па побара новите силикони да изгледаат поприродно. Има исти гради како и пред тоа, само што се поцврсти.“

1518

Наташа Беквалац стави нови силиконски гради. Поп-пејачката реши по седум години да оди на „ремонт“ на деколтето и старите гради да ги замени со поубави и поцврсти.

Наташа води сметка за својот изглед и за тоа одлучи да ги замени силиконите кои ги стави во 2012 година. Беше во една белградска клиника и таму ја направила интервенцијата. Беквалац го искористи овој период кога нема многу настапи за да ги замени силиконите, бидејќи наскоро почнува со подготовки за големиот солистички концерт, кој е закажан за на 14 февруари во Белградска арена, вели извор близок на пејачката и додава:

„Во моментот закрепнува. Операцијата помина во најдобар ред. Сестрите Кристина и Драгана и помагаат околу помладата ќерка Катја, па така прашање на време е кога Наташа ќе се врати на секојдневните обврски.

Според зборовите на изворот, пејачката не сакала да ја менува големината и обликот на силиконите.

„Наташа не сака претерано големи гради, па побара новите силикони да изгледаат поприродно. Има исти гради како и пред тоа, само што се поцврсти.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...