Откако ги уапсиле, маж и жена имале секс во полицискиот автомобил

Шерифот најпрво ги воочил како ноќе возат мотори без светла, за малку предизвикувајќи сообраќајна несреќа.

996
ФОТО: EPA/ROLEX DELA PENA

Не е необично полицијата да приведе некој љубовен пар поради секс на јавно место, бидејќи го „кршат јавниот ред“, но досега не сме слушнале некој пар да има секс откако полицијата ќе ги приведе и тоа на задното седиште на полицискиот автомобил.

Шерифот на округот Насау во Флорида, САД, пријавил токму таков случај, а учесниците во него се 31-годишниот Арон Томас и 35-годишната Меган Монданаро.

Најпрво ги воочил како ноќе возат мотори без светла, за малку предизвикувајќи сообраќајна несреќа. Ги запрел и кога видел дека се под дејство на алкохол (мирисале на алкохол и имале закрвавени очи), одлучил да ги приведе во полициската станица, па ги сместил во полицискиот автомобил.

Приведените не губеле време на задното седиште на полициското возило, туку веднаш се соблекле и им се препуштиле на страстите. Сфаќајќи што се случува, шерифот ја отворил вратата и го извлекол полуголиот Томас од автомобилот, но тој се отргнал од него и почнал да бега.

Томас бил фатен нешто подоцна како се крие зад слаткарницата во близина. На прекршоците што ги направил ја додале и кражбата бидејќи побегнал со полициските лисици на рацете.

ФОТО: EPA/ROLEX DELA PENA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...