Зеќири: Лице со црн елек и наочари го повлече Села, а му помагаа уште двајца

1073

Пратеникот Мухамед Зеќири сведочи на рочиштето за обид за убиство на Зијадин Села на 27 април 2017 година во Собранието.

-Јас со дел од пратениците бевме горе го галеријата на прес салата. До еден период можевме да гледаме што се случува. Им помагавме на дел од колешките да се симнат долу. Јас и четири колешки се затворивме во втората кабина за рекорд што се наоѓа горе и можевме да гледаме како се напаѓаат колегите долу меѓу кои и Зијадин Села, почна да раскажува Зеќири.

Тој рече дека од позицијата каде се наоѓал може да види што се случува во дел од салата, но не и во делот кој се наоѓа под кабината.

– Видовме како едно лице со црн елек и наочари го повлече за рака Села и го извлече од групата пратеници – рече Зеќири, посочувајќи го обвинетиот Александар Јаневски Тошта.

Во извлекувањето, посочи тој, му помогнале и други две лица. Едното го препозна и го посочи обвинетиот Сашо Сенков. Кажа дека имало и лице со фантомка кое носело тегет маица, кое и пред нападот врз Села се однесувало насилнички. Откако бил извлечен. околу Села, рече пратеникот, имало и други лица.

– По извлекувањето тоа што можеше да се види е како луѓето во салата да се преполовија, а притисокот врз останатите пратеници како да спласна – рече Зеќири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...