Душан Којиќ Која (58), фронтменот на бендот „Дисциплина кичме“, доживеа мозочен удар во Велика Британија после што лекарите го ставиле во индуцирана кома, а тој почнал брзо да закрепнува, а успел и да ја поврати моќта на говорот.
„Нешто убаво… Конечно… Имаме прекрасни вести од Лондон! На нашиот колега и пријател Која – Дисциплина кичме, му се врати моќта на говорот. Сите ве поздрави! Мислете позитивно, праќајте добри вибрации. Да го поддржиме Која да издржи и потполно да оздрави. Благодарност до Билјана Петровиќ за повеќегодишната упорност и борбата за нашиот пријател. Благодарност до сите што покажавте дека се грижите. Еј, нè има уште малку.“
Веста ја пренела преку својот профил на Фејсбук пејачката Слаѓана Милошевиќ.
„Мил Којо, ти праќам чисти мисли и добри вибрации“, напишала Милошевиќ.
ФОТО: Принтскрин/Фејсбук