Ирската кантавторка се стекна со слава кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, особено по нејзиниот настап на „Nothing Compares 2 U“ во 1990 година, претходна песна на Принс која дури во ново руво стекна ѕвезден статус.
Но, контроверзната пејачка и Принс не беа во најдобри односи. Додека гостувала во ТВ-шоуто „Добро утро Британија“, Шинејд О’Конор (52), се сетила на една вознемирувачка сцена.
– Кога бев кај него во Лос Анџелес по успехот на песната, тој сакаше да ме претепа. Тој беше на некои тешки дроги и ме нападна. Сакав да бидам негов штитеник, да му се потчинам, а јас имам остар јазик и го искористив да му објаснам како вистинска Иркинка, што мислам за сето ова. Тука тој „пукна“ – ја прераскажала сцената Шинејд, која, како што тврди, се спасила од полудениот пејач со ѕвонење на вратата на соседите.
О’Конор рекла дека никогаш повеќе не се виделе или слушнале по инцидентот, а Принс почина на 21 април 2016 година, на 57-годишна возраст, но причината за смртта е откриена речиси две години по трагичниот настан. За Принс беше фатална смртоносната доза на фентанил во крвта, а на сличен начин со лекови се предозирал и музичарот Том Пети.
О’Конор пак, во последните години, многу повеќе од нејзините песни, го окупира вниманието на медиумите со нејзините политички и религиозни ставови, а откако го смени своето име во Магда Давит во 2017 година, таа брзо се предомисли, па од лани инсистира да ја именуваат како Шухада Садакуат, а за потребите на новото име таа се преминала на ислам.
FOTO: Tviter/Printskrin