Тројца тинејџери и 21-годишник се уапсени поради сомнение дека го убиле штотуку оженетиот полицаец Ендру Харпер, пренесува „Метро“.
Дваесет и осумгодишниот Харпер се оженил со својата сакана Лизи само четири недели пред да биде убиен на 15 август, додека проверувал повик за грабеж близу село во Велика Британија.
Според полицијата, тој бил удрен од возило, а потоа така влечен уште неколку стотици метри.
– Станува збор за 18-годишник и двајца 17-годишни момчиња, кои беа уапсени уште на 16 август, но со кауција беа пуштени. Денеска тие повторно се уапсени заедно со 21-годишник, кој е уапсен за првпат како вмешан во случајот – се вели во соопштението.
ФОТО: Метро