Британската рок-ѕвезда Род Стјуарт објавил дека се опоравил од рак на простата по двегодишно лекување, кое го чувал во тајност.
Поранешниот пејач на „Faces“, 74-годишниот Стјуарт зборувал за својата болест додека собирал средства за третман на рак на простата, објавило здружението Prostate Project.
„Никој не го знаеше ова, но си реков дека е време да соопштам. Пред две години ми беше дијагностициран рак на простата. Сега сум здрав, едноставно, бидејќи ми беше откриен рано. Направив многу тестови“, рекол Род за време на хуманитарен настан.
Род ги повикал мажите да одат на редовни прегледи, бидејќи болеста е целосно излечива ако се открие навреме.