Пред неколку месеци на нашиот портал имавте можност да го прочитате интервјуто со Даниел Пикл, еден од пионерите на исхраната со инсекти во регионот, оснивач на првата фарма за инсекти во Загреб и вљубеник во инсекти, кој последниве години на својот блог Cricky ја промовира оваа несекојдневна исхрана.
Глобално, трендот на консумирање на инсекти е во голем пораст, но кај нас е сѐ уште една нова и необична тема.
Стотици различни видови штурци, скакулци, муви, мравки, молци, црви и разни други инсекти се одгледуваат со таа намена – за исхрана на човекот. Најмногу се јадат на тлото на Азија, Африка и Јужна Америка.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.