Жена пронашла граната од Првата светска војна во село Зовиќ

69

Во атарот на село Зовиќ во општина Новаци вчера била пронајдена граната од Првата светска војна.

Полицијата соопшти дека во СВР Битола, вчера В.Д. пријавила дека пронашла граната во атарот на Зовиќ.

Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 122м од Првата светска војна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...