Претставата „Младина без бог“ вечерва на МОТ

159

На фестивалот Млад отворен театар вечерва ќе биде изведена првата од двете претстави кои годинава гостуваат од Хрватска – „Младина без бог“ на ЗКМ и „Монтажстрој“ во режија на Борут Шепаровиќ, во Младинскиот културен центар од 20 часот.

Според најавата на организаторот, „Младина без бог“ е жестока и предупредувачка претстава која покажува „стравотно мрачна и застрашувачка слика за делата на младите генерации, антихероите на СТЕМ-револуцијата, кои изгубиле вера во Европа и нејзините хуманистички вредности, а веруваат во профит, гејмерската индустрија, сајберуниверзумот и смртта“.

На малата сцена на Националната опера и балет од 22 часот Битолскиопт театар ќе ја изведе „Бакхи“ од Еврипид на српскиот режисер Игор Вук Торбица.

„Меѓу преостанатите и зачувани трагедии на Еврипид, „Бакхи“ се издигнува поради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание: моќта на раскажување приказни“, се наведува во најавата.

На МОТ денеска од 18 часот е и првиот придружен настан во програмата – работилницата за специфична локација „Orbis Pictus – Оди и види“. Ќе се одржи во Железничката зграда (спроти Градежниот факултет) која на ова издание на МОТ е промовирана во нова фестивалска сцена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...