Ројс: Ќе бидам среќен ако Меси игра против нас

104
ФОТО: EPA / ANDREU DALMAU

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, даде свое мислење околу тоа дали на неговиот тим утревечер во пресметката од Лигата на шампионите ќе му биде полесно или потешко ако во составот на Барселона биде и Лионел Меси.

Меси поради повреда ги пропушти сите официјални мечеви, а неизвесно е и дали ќе може да настапи на гостувањето кај опасната Борусија. Најавите од Каталонија беа дека тој ќе се најде во составот, но пред самиот натпревар ќе се знае дали и колку ќе може да игра.

Ако се прашува Ројс, тој сака Меси да игра, иако така Барселона би имала подобри шанси за поволен резултат.

– Би бил среќен ако Меси може да игра. Тој е најдобар играч на светот – истакна Ројс.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...