Во СВР Битола вчера во 12.5 часот било пријавено дека во куќа на улица „Стрчин“ во Битола бил пронајден починат Т.В. (49).
Како што соопшти МВР, лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.