Американски институт за истражување рак: Оваа житарка ги обновува клетките на ДНК и ја спречува појавата на тумор!

Хумусот, познат намаз во кој леблебијата и сусамот играат главна улога, е одличен за здравјето генерално.

1956

Многу претходни истражувања покажале дека храната што содржи фолати и лигнани е добра во превенцијата на ракот, односно го намалува ризикот од појава на тумор, особено на дебелото црево, дојката и простата, а леблебијата и хумусот (кој го содржи леблебијата) се многу богати со нив, пишува Американскиот институт за истражување на ракот.

Хумусот, познат намаз во кој леблебијата и сусамот играат главна улога, е одличен за здравјето генерално, бидејќи е богат со витамините од групата Б, протеините, влакната, многу минерали итн.

Кога станува збор за фолатите, тие имаат исклучително важна улога во обновувањето на ДНК, па така го намалуваат ризикот од појава на клетки на туморот, кои се поврзани токму со мутациите на ДНК.

Сепак, со хумусот не треба да претерувате ако имате проблем со вишокот килограми. Тој е добар оброк што обезбедува многу растителни протеини и дава чувство на ситост, но ако претерувате, од него може да се здебелите, бидејќи има многу висока енергетска и калориска вредност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...