ВМРО-ДПМНЕ бара да го предлага шефот на ОЈО за организиран криминал, во трка да влезат и професори

930

СДСМ го менува претходниот предлог кој што го дадоа пред еден месец и по кој знае кој пат забележавме дека го менуваат  и оној предлог кој што премиерот Заев го даде како мандатар кога предлагаше дека опозицијата ќе го номинира главниот државен обвинител, вели пратеникот Антонио Милошоски откако во петокот Владата на ВМРО-ДПМНЕ ѝ го испрати Законот за јавно обвинителство.

– Како и да е, одговоривме со писмен начин  на предлогот на владиниот тим за преговори и го доставивме денес. Очекуваме во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да имаме и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори – рече Милошоски.

Тој го кажа и нивниот предлог и клучните разлика. Вели дека не се согласуваат со предлогот на Заев да се подели Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на два дела со што едното обвинителство би било за висока корупција.

– Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи да остане обвинителството за гонење на криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија, а самото превземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното Специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон за истото да вклучат и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именување ќе имаат битна улога – посочи пратеникот.

Во однос на самиот избор предлагаат опозицијата да го предложи шефот на тоа обвинителство кој ќе биде од редот од оние кои што ќе конкурираат за тоа обнинителство.

– Доколку тој предлог не помине се повторува постапката уште еднаш, доколку теоретски и тој предлог не помине тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност  до Советот на јавни обвинители, доколку и тоа не се случи тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за јавни обвинители кој што ќе одлучи согласно високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција – објасни Милошоски.

Следна разлика којашто постои, рече пратеникот, е дека опозицијата смета дека за оваа позиција освен од обвинителската  фела  би можеле да бидат номинирани компетенти лица и од академската сфера кои што имаат соодветно искуство во кривично-правната материја односно професори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...