Сонувала дека ја ограбуваат па ја голтнала бурмата за да ја зачува

Јас дури и се разбудив, но мислев дека сонувам и продолжив да спијам. Утрото видов дека мојот прстен го нема на раката.

145

Необична ситуација се случила со 29-годишната Џени Еванс од Тексас. Таа сонувала дека се бори со негативци во возот, и за да го сочува својот венчален прстен, го голтнала!

„Јас дури и се разбудив, но мислев дека сонувам и продолжив да спијам. Утрото видов дека мојот прстен го нема на раката“, напиша Еванс на својот профил на Фејсбук.

Таа и нејзиниот сопруг отишле кај лекари, кои ѝ препорачале дека е подобро да не го препушти случајот на природата, туку да го извади прстенот со ендоскопија, пренесува Ен-би-си.

Тоа е зафат кој, меѓу другото, се користи и за отстранување на туѓи тела од дигестивниот тракт, а вклучува набљудување на внатрешноста на телото со ендоскоп, специјално дизајниран инструмент со мала камера на крајот на долга и флексибилна цевка, а во телото се воведува преку природните отвори.

„Мојот сопруг ме одведе на гастроентеролог и морав да им објаснам на сите лекари дека навистина го проголтав мојот свршенички прстен“, изјавила Еванс за американските медиуми.

Сè поминало добро на крајот, Џени е добро, а лекарите го пронашле прстенот во нејзините црева, го извадиле и му го вратиле на нејзиниот сопруг, пренесува РТС.
.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...