Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на СЈО Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија.
Претседателот на Советот на ЈО Ацо Колевски, појасни дека Специјалното јавно обвинителство и редовното државно Јавно обвинителство се посебни институции, така што, со решението таа фактички и не може да ја обавува функцијата јавен обвинител.
– Со тоа што е определено дека е ставено вон сила решението со кое и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, фактички и веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обвинител – изјави Колевски.
Посочи дека одлуката за престанок на функцијата на Јанева е донесена поради одлуката за нејзино разрешување од СЈО поради нестручно и несовесно врешење на функцијата.