Најголем дел од лицата во своите дваесетти трошат во просек 34 отсто од нивните приходи за кирија во Велика Британија, покажа ново истражување, пренесува „Метро“.
Според анализата, која опфати 20 поголеми градови во Британија, најтешко за младите е во Брајтон – дури 35 отсто од нивните приходи треба да се потрошат на кирија. Лондон со 34 отсто се најде на второто место, а Глазгов со 33 на третата позиција.
Но, „Hamptons International“ откри дека лицата во дваесеттите трошат помалку на кирија во споредба со претходно.
На листата најефтин град е Шефилд, во кој за кирија треба да се одвојат 25 отсто од средствата на располагање.
Истражувањето исто така сугестира дека младите за еднособен стан се соочуваат со плаќање за 31 отсто повеќе отколку кога би живееле во куќа со други лица.
Наводно, во доста поголеми градови делот за кирија е помал бидејќи луѓето кои живеат таму најчесто имаат поголеми примања.