Иако важиме за убава нација, сѐ повеќе граѓани сакаат и со естетска хирургија или само со вбризгување хијалурон, ботокс, да се разубават. Пациенти се и помладите и постарите, бидејќи на некои 20-годишници дури и младоста не им е доволна, па бараат да имаат усни како Анџелина Џоли, а јаболчици како Северина. А си носат и слика за точно да им покажат на хирурзите како очекуваат да изгледаат по операцијата. Некои се подложуваат на склапелот исклучиво на барање на партнерот, кој сугерира градник 100, иако девојката или жената носат градник 75 или 80…
За тоа кои естетски операции се најбарани, кои супстанци од кои ќе ви исчезнат брчките се штетни, а кои безопасни, појаснува д-р Андријана Нацеска, специјалист на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.
И мажите се заинтересирани за разубавување
– На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија достапни се сите естетски корекции за постигнување подобар изглед. Од неинвазивните процедури за подмладување кај жените најчесто се користат хијалурон и ботокс, но во последно време и мажите сѐ почесто се заинтересирани за одредени корекции.
– Пациентите кои се интересираат за естетски корекции се млади девојки кои најчесто се незадоволни од формата и големината на носот, градите, усните. Ставот во однос на естетските корекции е пациентот да е постар од 18 години. Другата група на пациентки се жени по 40-годишна возраст, кај кои годините, во комбинација со стилот на живот и животните навики влијаат на изгледот и појавата на првите знаци на стареење. Ние како лекарски тим на пациентите им го нудиме најдоброто, првенствено по однос на нивното здравје. Секако дека се обидуваме да ги разубедиме доколку нивните барања се нереални.
Во јавноста најчесто владее мислење дека овие средства што се вметнуваат се штетни по здравјето – има ли и колава е опасноста од хијалурон, ботокс, силикон?
Дали доминираат пациентите кои се токму во години кога им треба некоја интервенција на лицето, на пример, над 50 години, или повеќето се помлади?
– За апликација на хијалуронски филери и ботокс повеќе се заинтересирани помладите пациенти, а aкцентот е повеќе на разубавување на горната третина од лицето.
Корекција на очните капаци за убаво, полно око
Дали особено помладите, покажуваат урнек од некое естрадно лице, како чија уста да имаат, на пример, или какви јабочици на образите?
– Често пати се случува пациентите да дојдат со фотографија од познато лице, така бараат усни како Анџелина Џоли, јаболчици како Северина …
– Постоперативното следење на пациентите е неизоставен дел од нашиот третман. Пациентите ја напуштаат нашата клиника задоволни од третманот и услугата и со зголемена самодоверба, задоволни од подмладениот и подобар изглед.