Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе престојува во посета на Македонија.
Туск, како што информираа од Владата, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.
По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во 12:15 часот во Владата.
Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.
Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.
Фото: EPA-PATRICK-SEEGER