Ирена Николоска Ристановска е од Прилеп, но моментално, со своето семејство живее во Битола. Веќе петта година работи во ООУ „Браќа Миладиновци“, с. Жван, Демир Хисар, како стручен соработник-психолог и секојдневно патува по 120 километри.
„Како родител на дете со потешкотии, законското право да работам со скратено работно време е само мечта која во пракса не сум во можност да ја реализирам. Бидејќи времето кое го минувам патувајќи и понудените возни релации на патување не го дозволуваат тоа.
Дополнително, пред четири години, на само 28-годишна возраст, ми беше извршен оперативен зафат на кичмениот дел-дискус хернија, со што дополнително овие километри значително земаат данок на и така неквалитетниот начин на живот.
Многупати за овој проблем се обраќав до претпоставените и одговорните со молба за преместување на работно место во Битола или во Битолско, но за жал не наидов на разбирање.
Инаку, мојата професија и работното место се мојата пасија, а децата се мојата безусловна љубов“, раскажува Ирена.
И самата родител на дете со посебни потреби, таа во матичното училиште и професионално соработува со другите родители на деца со потешкотии, како и со родителите на деца со типичен развој за разбирање и прифаќање на различностите и за изнаоѓање стратегии за целосна реализираност на инклузијата во училиштето во кое е вработена.
„Професионално, според можностите, се усовршувам континуирано. Работам на својот личен раст и развој на гешталт институтот „ Анима“, каде успешно го завршив првиот степен-Гешталт советник.
Еден викенд во месецот сопругот кој работи само за викенд поради состојбата со синчето, на работа е втора смена, па мојата мајка доаѓа во Битола за јас да можам целосно тие неколку часа да работам на себе. На својата свесност. Гешталт-психотерапијата значително многу ми ги промени сопствените видици и можности. Ми помогна да бидам поуспешна во својата професија и подобар родител на седумгодишниот Лука и тригодишната Јована.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.