Загинатиот планинар на Олимп бил член на друштвото „Шкупи“

Другите планинари по само неколку минути, притрчале и се обиделе со дефибрилатор да го вратат во живот, но за жал, безуспешно.

1820

Мефали Гури од Скопје, роден 1962 година, е планинарот кој загина на планината Олимп. Информацијата ја потврдија и од Министерството за надворешни работи, но и од неговото планинарско друштво „Шкупи“, пренесе порталот Sport 1.

Од својот член клубот „Шкупи“ се прости и преку социјалните мрежи. Од ова друштво потврдиле дека Гури во саботата околу 20 часот, застанал во близина на планинарскиот дом, се наведнал над стаповите и паднал во несвест, по што паднал 10ина метри кон амбисот.

Другите планинари по само неколку минути, притрчале и се обиделе со дефибрилатор да го вратат во живот, но за жал, безуспешно.

Kако што веќе објавивме, според сведочењето на очевидци, планинарот на 100 метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ застанал, по што изгубил рамнотежа и паднал во бездна.

Причината за смртта ќе се знае по обдукцијата која ќе се изврши утре во Солун, а според првичните претпоставки, најверојатно, планинарот Гури добил срцев удар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...