Рики Рубио ја доби наградата за МВП на СП во 2019 година, што заврши со триумф на Шпанија.
Кошаркарот на Феникс Санс постигна 20 поени во последниот натпревар со Аргентина, а во просек имаше 16,4 поени, 6,0 асистенции, 4,6 скока, 1,5 украдени топки и 38,7% успех од поле на целиот турнир.
На 28-годишниот Шпанец наградата му беше доделена од легендата на Светската кошарка, Коби Брајант.