| Вести денес: 0

Арсовски: Заев сака да создаде нова Катица Јанева и Луј Витон правосудство ВИДЕО

647

На дело се случува рушење на правната држава и правниот систем, со цел Зоран Заев да создаде нова Катица на местото на Катица Јанева и на тој начин да продолжи политичкиот прогон, монтираните случаи против политичките неистомисленици, рекетирањето и Луј Витон правосудството,, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПММНЕ.

– Но филмот „Како Зоки замислува правда”, не може да се случи. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говорат и правните експерти и познавачи на проблематиката. Брзоплети и експериментални решенија по нарачка на Заев наместо право и правна држава може да донесат само нов хаос и правен пазар. Имено, надлежноста на СЈО беше дефинирана со специјален закон и предметите кои тоа ги водеше, а кои произлегоа од нелегално прислушкуваните материјали. СЈО согласно овој закон беше ЕДИНСТВЕНО надлежно за овие предмети и имаше јасно дефинирани ингеренции, рокови и одредби и истите може да се менуваат само со нов закон донесен исто во Собранието со согласност на политичките субјекти како и пред 4 години – вели Арсовски.

Второ, според Арсовски, не постои одредба во законот со која може предметите да се пренесуваат туку така на Јавното обвинителство, уште помалку кога носителот на претходните надлежности.

– Специјалната обвинителка Катица Јанева е во притвор и со сомнителни пола куцани, пола рачно пишувани писма, без печат и непотврден потпис им ги предава на некоја друга важна институција од ваков ранг. Вака ни бавча за садење не се пренесува во надлежност, а не пак обвинителски акти. Дотолку повеќе што со ова се крши членот 60 од законот за Јавното обвинителство каде е предвидено – јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор, тој може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка за негово разрешување, одлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија – додаде Арсовски.

Правна држава, порачуваат од ВМРО – ДПМНЕ, подразбира почитување на Законите и Уставот. Прекршувањето на овој член од страна на Јовески може да биде санкционирано со член 353 ставoви 1, 2 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

– Не може правните вратоломии на Заев, без ново законско решение, да создаде нова продолжена маша за политички уцени од една страна, но и амнестија на криминалите на оваа власт што во моментов ги прави од друга страна. Законите важат за сите, вклучително и за Заев, и за Катица Јанева, Јовески, Рускоска, Кики, Фрики, Шеки, Баки и сите останати ликови кои директно или индиректно се вмешани со чинење или нечинење во мега скандалот рекетарски октопод. Јавноста виде и слушна каков криминал е правен, со амин и поддршка на власта и не може таквиот криминал да се амнестира, или забошотува, туку мора целото клопче да се одмота до крај, до главата на октоподот кој се наоѓа во власта на Зоран Заев и СДСМ. Обидите да се создаваат решенија по мерак на Заев со кои Луј Витон правосудството ќе гони и ќе амнестира надвор од законот е атак директно врз правдата во Република Македонија.

Правдата ќе победи и тоа ќе биде конечниот крај на оваа криминогена власт предводена од Зоран Заев – рече Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...