Православен свештеник од руската област Твер направи невообичаен потег за да ги „спаси“ жителите на градот од пијанство и блуд. Отецот Александар Горјачев и уште двајца свештеници од Руската православна црква се качиле во авион со 70 литри осветена вода па го попрскале градот.
Со ова, тие го благословиле градот веќе да нема пиење и разврат таму.
За осветената вода велат дека ќе им помогне на луѓето со зависност од алкохол и дрога. Според нив, светената вода лекува од зависност.
Локалните медиуми пренесуваат дека во авионот, заедоно со свештениците, била и брачна двојка која тврди дека сопругот на чудесен начин се излекувал од алкохолизам.
ФОТО: Скриншот/Јутјуб