Британската актерка Кира Најтли (34) по четири години повторно доби дете со сопругот, музичарот Џејмс Ригтон (35).
Двојката се венча во 2013 година во Франција, а сè уште не се знае кој пол е новороденчето, пишуваат британските медиуми.
Актерката се породила во тајност, а папараците ја „уловиле“ во прошетка со сопругот и со детска количка низ Лондон.
Големиот, труднички стомак исчезнал па медиумите се распишале за приновата во семејството на актерката.
Кира по првото породување отворено зборувала за тешкотиите низ кои поминуваат жените и нивното тело. Со ќеркичката Еди (4), Кира имала тешко породудвање во мај 2015 година.
– Мислам дека на жените не им се дава доволно време за физичкиот и емотивниот маратон низ кој поминуваат кога ќе станат мајки. Имам неворојатна поддршка од луѓето околу себе, а сепак, породувањето и одгледувањето на детето многу тешко ми паѓаат – изјавила актерката за магазинот „Баланс“.
Да потсетиме, во својата книга „Феминистиките не носат розово“, Кира Најтли остро ја критикуваше војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (37), поради нејзиното пребрзо и нереално појавување во јавноста само неколку часа по породувањето.
Тоа не ја прикажува реалната слика за жената, сметка Кира, која и самата многу детално го опишала сопственото породување.
FOTO: EPA/NEIL HALL