Јанушев: Русковска стори кривично дело, ѝ дозволи на Јанева да се допишува од притвор

530

Русковска со тоа што дозволи „допишување“ на Катица Јанева од притвор, стори кривично дело, бидејќи самото допишување е спротивно на Законот за кривичната постапка, односно е спротивно на член 178 став 5, пишува Иор Јанушев, генерален секретар на ВМРО – ДППНЕ.

„Притвореникот може да се допишува со лица надвор од затворот со знаење и под надзор на органот што ја спроведува истражната постапка. Овој орган може да забрани испраќање и примање писма и други пратки штетни за постапката. Русковска требаше веднаш да забрани вакви дописи да бидат испраќани од страна на Катица Јанева, бидејќи таа со истите овозможи незаконско преземање на предмети на ЈО од СЈО, а посебно и предмети за кои е осомничена дека ги злоупотребувала за политички притисоци и изнуда на пари. После се ова, јасна е спрегата помеѓу криминално-рекетарската банда на СДСМ на чело со Заев, со Јовески и Русковска и оди во прилог на тезата за директната вмешаност на власта во случајот „Рекет“, а можеби и во други случаи „рекет 2, 3, 4 итн. Си играте со правдата, затоа бидете подготвени да одговарате, зошто одговорност за ова незаконие ќе има и секој индивидуално ќе треба да се соочи со санкциите и правдата!“, пишува Јанушев на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...