Магазинот на Берлускони објави скандалозни фотографии од Камила Паркер ФОТО

Фотографиите настанале неодамна, додека Камила се сончала на јахта во Сардинија, каде била на четиридневен одмор.

3879

Сопругата на британскиот принц Чарлс, Камила Паркер Боулс, е јавна личност која ретко, односно речиси никогаш не ја гледаме во разголени или смели дизајни на фустани. Затоа, неодамнешните фотографии објавени од италијанскиот магазин „Чи“ предизвика огромен интерес.

Инаку, овој магазинот е во сопственост на Силвио Берлускони, поранешен премиер на Италија.

Папарацо-фотографиите од војвотката на Корвол, Камила се снимени неодамна, додека таа се сончала на јахта во Сардинија, каде била на четиридневен одмор.

Војвотката на спорните фотографии носи зелен костим за капење.

Ричард Фицвилјамс, кралскиот портпарол, изјавил дека ваквата постапка на магазинот е „одвратна и шокантна“ и дека со ова го „провоцираат кралското семејство“.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...