Сноуден сака да добие азил во Франција

217
ФОТО: Твитер

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден изјави дека се надева дека Франција ќе му додели азил.

Во интервју за француското радио „Франс ентер“ тој вели дека „би сакал да види“ дека францускиот претседател Емануале Макрон ќе направи гест и ќе му овозможи да живее во Франција.

Британските медиуми пренесуваат дека делови од интервјуто на Сноуден се објавени на Твитер налогот на „Франс ентер“, но засега не е познато кога и каде интервјуто било направено.

Сноуден од 2103 година живее во Русија, кога ги објави тајните документи на американските разузнавачки агенции.

Британските медиуми наведуваат дека многумина Сноуден го сметаат за херој, но не и америкнските власти кои сакаат да го изведат пред суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...