Српската пејачка Катарина Остоиќ Каја (36) се разведува од нејзиниот сопруг, диџејот Џуниор Џек, објавија деновиве српските медиуми. Катарина долго молчела за проблемите низ кои во последно време поминува. Пејачката веќе подолг временски период сака да се разведе од сопругот Џуниор Џек, а зачестените кавги резултирале со тоа двојката сосема да се оддалечи, пишува српски „Блиц“.
Катарина се најде во центарот на вниманието на јавноста поради наводното неверство и разводот, а во целата приказна е вмешан и хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ.
Пејачката наводно се разведува од диџејот Џуниор Џексон поради фудбалерот. Кај и седум години помладиот фудбалер стапиле во контакт пред неколку месеци преку социјалната мрежа Инстаграм.
– Матео ѝ прати на Каја порака и таа веднаш му одговир. Прво се допишуваа неколку недели, потоа и се видоа. Веднаш блеснаа „искри“ меѓу нив и влегоа во тајна врска. Меѓутоа, на Матео не му се допадна тоа што Каја и покрај нивната врска и понатаму живее со Џуниор Џек, па побарал да се разведе од него и да се пресели кај него во Франција – рекол извор за „24online.info“ и додал дека тие двајца не се одвојуваат еден од друг.
Каја неодамна токму за својот роденден објавила фотографија од пределот, а истиот тој предл го фотографирал и Матео, додека пејачката му ставила „лајк“ на фотографијата.
Српските медиуми пишуваат дека веќе со месеци фудбалерот се допишува со српската пејачка, која престојувала кај него во Франција, каде што Матео игра.
Инаку, ова е трет брак за 36-годишната пејачка, која првпат се мажи на 19 години,со Никола Драгољевиќ. Со Драгољевиќ Каја ја доби ќерката Николина, денес 16-годишна тинејџерка.
Во 2009 година пејачката се омажи за кошаркатот Урош Дувњак.
За време на снимањето на шоуто „Операција триумф“ во 2011 година, Каја се запозна со Италијанецот Вито Лученте, познат како диџеј Џуниор Џек, со кого се венчаа во Брисел во 2014 година.
Извор: Курир.рс
Каја и Џуниор Џек
Матео Павловиќ
FOTO: Instagram/Printskrin