Вардар со победа против Монпелје ја отвори новата сезона во ЛШ

287
EPA

Европскиот шампион Вардар со победа против Монпелје од 33-31 (17-16) ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите.

Во убав натпревар, исполнет со возбуда и одлични потези, екипата на Давид Писонеро успеа да го совлада францускиот тим, иако имаше негатива во последните десетина минути. Французите водеа со 29:27, но Вардар тогаш ја направи клучната серија со која стигна до предност, која искусно ја задржа во финишот.

Скубе и Дибиров со по шест гола ги предводеа „црвено-црните“ до првата победа сезонава во елитното натпреварување.

Вардар во наредното коло од Лигата на шампионите ќе игра дома против Порто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...