Нема партија за која повеќе се клевети. Нема партија за која се нелегално објавени повеќе незаконски материјали отколку за ДУИ, со продажба и препродажба, со изнуди и уценување, со лаги и клевети. Нема погрда пропаганда од таа за ДУИ, ни била заштитена партијата или ни била криминализирана, рече Артан Груби од ДУИ во своето обраќање на денешната собраниска седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
– По длабоката криза и заробената држава, во изминатите години се потрудивме да го ослободиме општеството од селективна правда со инструмент наречен Специјално јавно обвинителство – додаде Груби.
Меѓутоа како што нагласи тој, четири години потоа гледа систем кој не е многу реформиран, односно и натаму е селективен и разочарувачки.
– Казната со 19 години за скопските момчиња во случајот Саздовски во споредба со казната на Бобан Илиќ за намерното убиство на Алмир, не е само селективна правда и неправда, туку е злосторство – порача Груби во својот говор додавајќи дека правдата само кога е еднаква за сите е вистинска правда.
Според него, државата има потреба од правна извесност каде ќе победува праведниот, а не силниот, а за да се постигне ова, како што кажа, ветингот е повеќе од потребен и неопходен, не само за судиите, обвинителите, туку и за политичарите.
Груби нагласи дека ДУИ е единствената партија која бара независна институционална истрага за сите функционери од 2002 година до денес и ги повика и останатите партии во парламентот да го направат истото.
– Нема партија за која се нелегално објавени повеќе незаконски материјали отколку за ДУИ, со продажба и препродажба, со изнуди и уценување, со лаги и клевети. Нема погрда пропаганда од таа за ДУИ – ни била заштитена партијата или ни била криминализирана. Да имаше ДУИ еден единствен криминал ќе направеа сѐ да ни ја одерат кожата и власта и опозицијата, а да не зборуваме за обвинителството или судот – рече Груби.