Нови демонстрации на жолтите елеци – осумнаесет лица се уапсени

101
Photo: EPA / IAN LANGSDON

 Главниот собир на „жолтите елеци“ почна во Нант под силен полициски надзор, заради случајот на Стив Маја Каничо во заднина, кој во ноќта на 21 јуни скокна во  Лоара при интервенцијата на полицијата и се удави, јавува дописникот на МИА.

Националната полиција на својот профил на Твитер соопшти дека уапсила осумнаесет лица при проверки извршени пред почетокот на поворката. Полицијата запленила и „минофрлачи“ и стотина чадори. Претходно, дваесет и два молотови коктели беа откриени и во контејнер за ѓубре.

Настанот во Нант изгледа „насилен“, наведува полицијата. Демонстрацијата на „жолтите елеци“ е најавена како „насилна“, а полицијата врши превентивни проверки. Властите стравуваат од присуство на црни блокови. Голем периметар на центарот на Нантбеше забранет за движење, како и транспортот на гориво и запапалливи пиротехнички материјали.

При последниот собир на 3 август неколку дена по откритието на телото на Стив Маја Каничо во Лоара, откако го осудија „полициското насилство“, најмалку 1.700 демонстранти маршираа, а полицијата тогаш соопшти дека имало 42 апсења.

Демонстрации се најавени и во други градовикако Тулуз, Нанси, Лион или Ленс.

Photo: EPA / IAN LANGSDON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...