Трамп потврди дека е убиен синот на Осама бин Ладен

399
ФОТО: Би-Би-Си

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека Хамза бин Ладен, кој важеше за омилен син на Осама бин Ладен, е убиен во антитерористичка акција која САД ја спроведе на подрачјето на Авганистан и Пакистан.

Веста за смртта на Хамза првпат беше објавена на 31 јули, но оттогаш немаше официјална потврда за тоа. Тој бил претставуван како наследник на Осама на чело на Ал Каеда, која пак е одговорна за терористичките напади во САД на 11 септември 2001.

Хамза се наоѓал на црната листа на обвинети за тероризам. Неговиот татко Осама е убиен во 2011, во операција на специјалните сили на САД на територија на Пакистан.

На чело на Ал Каеда оттогаш застана Ајман ал Завахири, но уште во тоа време се верувало дека еден ден Хамза бин Ладен ќе ја предводи организацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...