Аргентинскиот фудбалски клуб Бока Јуниорс е заинтересиран за голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, објави „Радио Континентал“.
Италијанскиот легендарен голман на лето може да стане слободен агент, па Бока сака да му понуди шестмесечен договор.
Клубот очекува да го убеди 40-годишниот голман да се пресели во Аргентина и да му биде соиграч на негов поранешен клупски колега од Јувентус, Карлос Тевез.
Во Буенос Аирес сакаат да се засилат пред плејофот на Копа Либертадорес.