Мицкоски: Јавен обвинител по предлог на опозицијата мора да има, за ЈО да се тргне од прегратките на Заев

Зошто во еден момент господинот Заев рече вие сакате да ме потрупате со предмети? Јас ако сум чист верувам во својата честитост и законско работење нема да имам потреба да се плашам од ништо, рече Мицкоски.

1459

Во првото издание на новата сезона на емисијата „360 Степени“ вечерва на телевизија Алсат, претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека јавен обвинител по предлог на опозицијата мора да има за да може Јавното обвинителство да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот.

– Зошто се плашат да имаме обвинителство за висока корупција, каде што обвинител ќе биде предложен кредибилен лик професионален лик од опозицијата, ако се толку чисти? Зошто во еден момент господинот Заев рече вие сакате да ме потрупате со предмети? Јас ако сум чист верувам во својата честитост и законско работење нема да имам потреба да се плашам од ништо, рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...