Заев за Сител: „Рекет“ нека го води обвинител од опозицијата, а сигурно нема да гласаме тоа да биде Груевски, Панчевски, Зврлевски…(ВИДЕО)

4227

Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител објави два предлога до опозицијата за законот за јавно обвинителство, a уште еднаш повтори дека предметите на СЈО мора да имаат иднина и тоа, како што рече, е „црвената линија што не смее да се помине во преговорите со опозицијата“.

Двата вклучуваат избор на обвинител на предлог на опозицијата. Со првиот се предвидува ова обвинителство да ги преземе сите предмети, сите обвинители и вработени во СЈО и да биде надлежно за сите случаи на висока корупција, вклучително и Рекет.

Вториот, пак, доколку опозицијата одбива да го преземе тимот, предвидува обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства, а Јавниот обвинител Јовески да ги распредели предметите од СЈО.

Сепак, изборот на обвинител на предлог на опозицијата ќе значи и согласност од власта за предлогот.

– Тоа мора да биде некој „тешкаш“, издржан. Сигурно нема да гласаме тоа да биде Груевски, Панчевски, Зврлевски, Јован Илиевски, ќе бараме да биде неприкосновен професионалец. Јас и власта се бориме да биде загарантирана нивната иднина од трансферот, по заокружувањето на СЈО тие предмети мора да имаат иднина, а Мицкоски и неговиот тим бараат предметите да бидат амнестирани, да се заташкаат, да се уништат. Иднината на предметите е црвената линија што не смее да се помине – нагласи Заев.

За случајот Рекет, Заев, меѓу другото, изјави: „Постапката за Рекет сакам да заврши час поскоро“.

– Секој што истрагата ќе покаже дека е инволвиран, треба да одговара. Граѓаните ги чекаат одговорите, трагата на парите и кој се е инволвиран. Нема што да се плашиме од „Рекет“ – дециден е премиерот.

За барањето на опозицијата да се одржат предвремени избори, Заев повтори дека на земјава треба да и се даде шанса да ги почувствува придобивките од она што власта досега го направи.

– Доста беа предвремени избори. Ги донесовме најхрабрите одлуки, ги решивме пробелмите со соседите, го чекаме членството во ЕУ и НАТО, да ги дочекаме ефектите и придобивките од овие процеси, истакна премиерот Зоран Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...